✨ Едукативните работилници во нашиот центар се еден од најубавите и најпрепознатливи продукти на Матрикс – место каде што секоја недела десетици дечиња се надоградуваат, учат преку игра и навистина уживаат.
👉 Веќе четврта година по ред континуирано ги развиваме овие работилници, кои претставуваат печат на Матрикс и симбол на креативност и учење преку игра со најиновативна програма.
Тука дечињата имаат можност да вежбаат најразлични вештини преку сензорни, когнитивни, говорни и моторички активности.
👉 Заедно развиваме креативност, самодоверба, социјални вештини и љубов кон учењето – темели кои им помагаат на најмалите сигурно да чекорат низ следните животни предизвици.